ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти во Скопје тврдат – шансите за компромис со Бугарија се мали

Останува малку време за С. Македонија и Бугарија да го искористат за надминување на разликите и деблокирање на почетокот на преговорите меѓу Скопје и ЕУ. Од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ оценуваат дека спорот со Софија е потежок отколку оној за името со Грција. Мала надеж за можен компромис до крајот на годината лежи единствено кај бугарскиот премиер Борисов, чиј став досега не беше премногу груб.

И од Институтот за европска политика велат дека судбината на процесот е во рацете на Софија.

На состанокот во петокот на амбасадорите на државите-членки на ЕУ, Бугарија стави вето на преговарачката рамка за С. Македонија. До конечното усвојување на рамката на 17 ноември, амбасадорите ќе се состанат уште два пати.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button