ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експертите апелираат на итна акција за спас на Охридското Езеро

Експертите апелираат на итна акција за спас на Охридското Езеро

Последните неколку децении Охридското езеро и регионот на Охрид се под сериозен притисок, на масовна урбанизација, неконтролирано уништување на крајбрежјето, но и масовен туризам, констатираа експертите, во очи на Денот на Охридското езеро 21 јуни.

„Последните 30 до 50 години, притисокот од страна на човекот беше зголемен. Станува збор за отпадна вода која се влева во езерото, за животни, односно за биодиверзитет, кој се вознемирени во самото езеро и туристи кои сами по себе се голем фактор и затоа мора да се преземе акција. Затоа разбирам, зошто УНЕСКО, сака да го стави Охрид на листата на загрозени подрачја. Мое мислење е дека две работи треба веднаш да се преземат. Едната е да се подобри функционирањето на колекторскиот систем, а втората е да се направи прописна марина, која ќе биде засебна од езерото и нема да прави проблеми на биодиверзитетот“, изјави Даниел Богнер- експерт за заштитени подрачја.

И од Хидроболошкиот завод во Охрид, велат дека е потребна сеопфатна акција за решавање на овие пролбеми.

„Оние објекти, кои навлегуваат или ја нарушуваат животната средина, она што се случува на самиот брег на Охридското езеро, многу пати сум споменала дека секое навлегување во било кој сегмент од езерото, предизвикува последици врз самите екосистеми“, нагласи Орхидеја Тасеска- директорка на Хидробиолошки завод Охрид.

На трибина која се одржа во Охрид, беше речено дека сериозен проблем за Охридското езеро претставува и употребата на пловила кои работат на горива, поради што многу често доаѓа до испуштањето на моторно масло во езерските води. Сепак главен проблем е оној со дивоградбите, нешто на кое и УНЕСКО со години предупредува .Иако претходната локална власт презеде акција за расчистување на нелегалните објекти, од плажите, со промена на власта, таквите активности се ставени во мирување. Плажите не работат, објектите се затворени. За разлика од Охрид, струшкиот градоначалник Мерко, најавува дека на крајбрежјето во Струга ќе се уредуваат нови плажи и оти локациите ќе се издавале по теркот на постоечките.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button