ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експертите бараат Владата со нив да го анализира францускиот предлог

Експертите бараат Владата со нив да го анализира францускиот предлог

Евроамбасадорот во Скопје не зборува за очекувањата на ЕУ од Скопје сега кога во фаза на консултации е таканаречениот француски предлог. Тој накратко рече дека во моментов постои подобра позиција.

“Го поздравуваме ревидираниот француски предлог кој е изготвен за да одговори на загриженоста на Северна Македонија. Сега премиерот води консултации. Се надеваме дека овие консултации ќе бидат плодни и ќе овозможат старт на преговорите. Ова беа неколку тешки недели за сите, но мислам дека во моментов сме во подобра позиција“, рече Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ.

Извршниот директор на Центарот за европска стратегија „Евротинк“ очекува Владата за предлогот да разговара со сите чинители во земјава, вклучително и со експертите.

Амбасадорот Гир и Николовски ги дадоа овие ставови за време на конференцијата за менаџирање со нелиберални и евроскептични наративи.

Истражување на Еуротинк покажало дека особено во последната година расте евроскептицизмот во земјава, а главен извор на евроскептицизмот е бугарското вето./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button