ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експертите го критикуваат новиот концепт за основно образование

Експертите од областа на образованието сметаат дека новиот концепт на основно образование е неприменлив поради недостаток на основни услови во училиштата, краток рок за спроведување, недостаток на соодветна обука и други услови. На трибина организиран од опозициските партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, професорот Џеладин Мурати рече дека реформата воведена од Министерството за образование не може да се спроведе без претходно да се има пилот проект во неколку училишта, за да се види дали концептот може да се спроведе.

„Секој ги посетил нашите училишта и поголемиот дел од нив  навистина немаат елементарни услови за спроведување на овој концепт. Уште полошо е што нема пилот проект за учениците од 1 – во одделение, а имаше нешто дека ќе има за учениците од 6 – то одделение, а сега се зборува дека учениците од 4 – то одделение треба да започнат со ова. Треба да се формираат работни групи за да подготват програми, па кога ќе бидат обуките за колегите што ќе започнат со имплементација на овој концепт“, рече Џеладин Мурати, професор.

Во рамките на новиот Концепт за основно образование, Министерството за образование објави оглас за ангажман на надворешен кадар за новите предмети што се предвидени со реформите во основното образование, како што се спојување на повеќе предмети во еден и кратење на часовите за да се даде повеќе простор за практично учење. Но, според професорот Авзи Мустафа, до спроведување на реформата, владата мора да земе во предвид некои факти.

„Не е новина за педагошката наука. Овој концепт што тие сега ни го нудат постои од 19 век. Првото прашање е зошто министерката не не повика е зошто Германија, Австрија, Советскиот сојуз го отфрлија овој концепт. Зошто да го земеме ние сега?“, изјави Авзи Мустафа, професор.

Од Министерството за образование велат дека при изготвување на реформата се слушнале мислења на универзитетски професори, претставници на МАНУ, наставници и граѓански и меѓународни организации. Според Владата, најважно е дека Концепцијата за основно образование се фокусира на учениците и нивното право за квалитетно образование.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button