ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експертите предупредуваат, власта да не брза со разрешување на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители

Експертите предупредуваат, власта да не брза со разрешување на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители

Експертите оценуваат дека предлогот за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители преку закон, значи мешање на извршната во судската власт. Според професорот Владо Камбовски, ваквиот предлог не е во согласност со препораките на т.н. Оценска мисија на европски експерти кои даваа предлози како да се подобри работата на Судскиот совет.

Според Александра Цветановска од Блупринт групата за реформи во правосудството, нагласуваат дека новата влада треба да внимава на најавите за распуштање на судскиот совети и Советот на јавни обвинители, бидејќи тоа може да создаде опасен преседан.

Александар Тумановски од Адвокатската комора нагласува дека за вакви реформи треба внимателно да се размисли и разговара со правната фела пред да се донесат заклучоци

Новата влада вети дека ќе направи коренити реформи во судството. Меѓу првите цели е најавено укинување на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, бидејќи како што велат од таму, го изгубиле кредибилитетот./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button