СВЕТ

Експлозии во Киев, Лавов, Днепропетровск, има и жртви

Властите во регионите на Лавов и на Днепропетровск денеска информираа за повеќекратни експлозии, јавија светските агенции.

Шестмина се убиени, а осум лица се ранети во Лавов, откако проектили утрово погодија воени објекти и пункт за сервисирање на автомобилски гуми во западниот украински град, тврди регионалниот гувернер Максим Козицки, јави Би-би-си.

Има и дете меѓу загинатите, додаде тој.

Јури Сак, еден од советниците на украинскиот министер за одбрана, кој се наоѓа во западна Украина, во изјава за Би-би-си раскажа за нападите врз Лавов.

„Тоа што се случи денеска е многу вознемирувачки и алармантно, станува збор за многу силен ракетен напад на цивилната инфраструктура“, изјави тој за Би-би-си Радио 4, додавајќи дека нема официјални податоци за жртви и штета, а нема ни да има, со цел да не ѝ се дава информации на Русија што е погодено.

Две лица се ранети во нападите во Днепропетровск.

Ројтерс објави за низа експлозии на левиот брег на реката Днепар. Локалните власти засега не објавија информации за експлозиите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button