Експлозија во зградата на поранешниот градоначалник на Зубин Поток

Силна експлозија одекнала во средата (2 октомври) околу полноќ во Зубин Поток, општина на северот на Косово со мнозинско српско население.
Заменик директорот на косовската полиција за северниот регион Ветон Елшани за Радио Слободна Европа потврди дека полицијата по детонацијата излегла на терен и констатирала пожар во станбена зграда во изградба.
Тој додаде дека на местото на несреќата се противпожарни бригади и полиција, но дека причината за експлозијата не е позната.
Во експлозијата нема повредени.
Актуелниот градоначалник на Зубин Поток, Измир Зеќири изјави дека запалената зграда е сопственост на поранешниот градоначалник Стеван Вуловиќ. Тој го осуди нападот и апелираше до властите да ги откријат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата.