СПОРТФУДБАЛ

Екстра бонуси за победа против Ал Наср на Роналдо

По значајната победа во трката за титулата во Саудиска Арабија, првиот човек на Ал Хилал,  реши да ги награди своите фудбалери, кои ќе добијат бонус од по 25.000 долари.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа како претседателот на клубот разговара со играчите во соблекувалната, а кога им кажал како ќе бидат наградени, започнала голема прослава.

Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ беа клучни за триумфот на Ал Хилал во дуелот со големиот ривал Ал Наср (3-0) за кој игра и Кристијано Роналдо.

Ал Хилал по 15 кола е прв на табелата со 41 бод, седум повеќе од второпласираниот Ал Наср.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button