СПОРТ

Елмас „во радарот“ на Анчелоти?

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел кариерата да ја продолжи во најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид, откако во италијанските медиуми се појави информација дека Карло Анчелоти го сака „дијамантот“ во своите редови. Анчелоти беше главниот „виновник“ за преселбата на Елмас од Фенербахче во Наполи во 2019 година.

Елмас во тековната сезона добива повеќе доверба кај тренерот Лучијано Спалети кој го игра на повеќе позиции, а овој враќа со добри партии, голови и асистенции.

Вчера Елмас беше најзаслужен за победата на Македонија на Исланд, која донесе историски бараж за македонската репрезентација. Во италијанските медиуми потајно се споменува и интерес од Барселона.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button