ЗДРАВСТВО

ЕМА ја проценува употребата на вакцината „Фајзер“ кај деца од пет до 11 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека ја оценува употребата на вакцината „Фајзер/Бионтек“ против ковид-19 кај деца на возраст од пет години

ЕМА објави дека ќе ги анализира податоците, вклучувајќи ги и резултатите од тековната студија, за вакцина дистрибуирана под името „Комирнати“. Таа веќе е одобрена за деца над 12 години во САД и ЕУ.

Вакцината со две дози, базирана на новата мРНА-технологија, произведува силен имунолошки одговор кај деца на возраст од пет до 11 години, покажа клиничкото испитување на 2 268 учесници, објавија компаниите минатиот месец.

Минатата недела, „Фајзер/Бионтек“ достави податоци за употреба кај деца на помала возраст.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button