ВЕСТИСВЕТ

ЕП ги укина имунитетите на двајца европратеници поврзани со истрагата „Катаргејт“

Европскиот парламент денеска одлучи да им ги укине имунитетите на европратениците Андреа Коцолино и Марк Тарабела, поврзани со истрагата која стана позната како „Катаргејт“.

Во соопштението на ЕП се истакнува дека одлуката е на барање на белгиските власти кои го истражуваат случајот.

Како што јави БТА, пред неколку дена комисијата за правни прашања на ЕП едногласно го поддржа барањето на истражителите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button