ВЕСТИЗДРАВСТВО

Епидемиолози: На митинзите граѓаните да ги почитуваат мерките за превенција

Изборната кампања може да нe врати во сценариото од минатата есен со ситуацијата со пандемијата. Членовите и симпатизерите на партиите на масовните собири на отворено или во затворени простории не ги почитуваат превентивните мерки и не носат заштитни маски. На прашањето зошто тој и неговите колеги на митинзите не носат маски, министерот за здравство Филипче избегна да одговори, но рече дека мерките треба да ги почитуваат сите и дека е тешко да се контролираат толпите на отворено.

Епидемиолозите предупредуваат дека собирите на граѓаните можат да предизвикаат нов бран на вирусот, особено кога есента носи и сезонски грип. Поранешниот раководител на Центарот за јавно здравје во Скопје, Александар Стојанов, рече дека бранот може да биде уште пострашен кога се знае дека само 35% од населението е целосно имунизирано. Тој ги повикува граѓаните да се дистанцираат од овие масовни собири.

Според здравствените власти, смртноста останува висока во земјата. Споредено по глава на жител, земјата е рангирана во првите 10 земји во Европа по смртни случаи од корона вирусот. Иако бројот на нови случаи останува константен, Филипче рече дека не се разгледуваат нови ограничувачки мерки бидејќи капацитетите на болнициците се половина празни. Во моментов, 580 пациенти со ковид се лекуваат во болниците во земјава.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button