СВЕТ

Ердоган го повика Путин да формираат работна група за Нагорно Карабах

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да формираат заедничка група за решавање на ситуацијата во регионот Нагорно Карабах.

Веста ја објави турската редакција на Си-Ен-Ен, повикувајќи се на дипломатски извори, наведувајќи дека Ердоган му ја испратил поканата на Путин за време на телефонскиот разговор одржан на 7 ноември, пренесува РИА новости.

Како што се наведува, подготовката за формирање на групата може да започне веќе во наредните денови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button