ВЕСТИРЕГИОН

Ердоган следниот месец ќе ги посети балканските земји

Ердоган следниот месец ќе ги посети балканските земји

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган следниот месец ќе ги посети балканските земји и дека тоа ја потврдува посветеноста на земјата за мир и стабилност во регионот.

„Посетата што претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ќе ја направи на балканските земји следниот месец ја потврдува нашата посветеност на мирот и стабилноста во регионот. Турција силно ги поддржува мирот и стабилноста на Балканот“ – рече Чавушоглу, говорејќи на отворањето на 13. конференција на амбасадори што се одржа во Анкара.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button