ФУДБАЛ

Ернест Ѓока официјално шампион со Шкендија

Ернест Ѓока официјално е шампион со Шкендија и главниот тренер не го криеше задоволството за постигнувањата со „црвено – црните“. Екипата од Тетово официјално е шампион за сезоната 2020/2021, бидејќи со последната победа ја одржа разликата од 15 бода пред ФК Шкупи, кој со четири кола и преостанати 12 бода кои се во игра до крајот, математички ги затвори дилемите. Последниот натпревар не започна добро за актуелниот шампион, бидејќи Талаков погоди за Борец по првото полувреме. Додека потоа, работите дојдоа на вистинското место кога Мурати, Ибраими и Хебај ја фиксираа победата со 3:1, по што имаше забава со групата навивачи „Балисти“, во близина на стадионот.

„Секако дека е посебно задоволство, тоа е посебна среќа, бидејќи нашата работа, на тренерот, тимот, фудбалерите е кога ќе излезе шампион. Наша работа е цела година за да бидеме под притисок и стрес за резултатот за конечно да стигнеме и да завршиме со трофеи. Среќен сум за себе, за мојот личност, бидејќи од почетокот кажавме што ќе сториме и го сторивме она што го кажавме. И тоа е најголемата среќа. Сега ни преостануваат уште четири недели, да бидеме коректни со шампионатот, со самите себе за да ги поставиме темелите што ќе ни бидат потребни за утре“, рече Ѓока.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button