
Вулканот Левотоби Лаки Лаки во југо-централна Индонезија еруптираше исфрлајќи огромни столбови врел пепел во воздухот. Властите го кренаа нивото на тревога на највисоко ниво и ја проширија опасната зона на 8 километри од кратерот.
Индонезиската геолошка агенција соопшти дека е регистрирано ослободување на густи сиви облаци на висина до 11 километри, по значително зголемување на вулканската активност, вклучувајќи 50 ерупции за само два часа, во споредба со 8 до 10 дневно.
Indonesia’s Mount Lewotobi Laki-Laki volcano has erupted
pic.twitter.com/b2v5Sdzyn2— Dexerto (@Dexerto) June 17, 2025
Огромен облак од чад во облик на печурка можело да се види од градовите оддалечени помеѓу 90 и 150 километри од вулканот. Жешка пепел ги покри околните села. Досега нема пријавени жртви.
Жителите се предупредени да бидат внимателни поради можноста од лавини во реките што извираат од вулканот, особено во случај на обилни дождови, пренесува АП.