ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ЕСМ ќе понуди повисока цена за мегават час

41 евро за мегават час електрична енеригија  е цената која државната ЕСМ ќе ја продава на ЕВН Хоум за догодина. Тоа е зголемување за пет евра во однос на цената која важи до 31 декември. Алсат дознава дека оваа цена владата ја договорила на последната седница и ќе биде поднесена на новиот тендер на Универзалниот снабдувач. Засега од владата не ја потврдуваат официјално информацијата, со образложение дека таа ќе биде обелоденета следната недела на тендерот на ЕВН Хоум.

Законската обврска на ЕСМ за следната година е да обезбеди 60 отсто од потребната струја на ЕВН Хоум која е Универзален снабдувач на домаќинствата и малите потошувачи. Но, за да се избегнат дополнителни ценовни шокови владата реши и следната година 100 отсто од потребната струја да биде обезбедена од домашните производствани капацитети.

Цената која ќе треба да ја плаќаат граѓаните ќе ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика по обработените податоци кои ќе ги добие од МЕПСО за нивни трошоци и потребни средства за набавка на електрична енергија. Цената на тендерот на ЕСМ и трошоците на МЕПСО имаат најголемо учество во цената која ќе ја плаќаат граѓаните во 2022 година. Во последниот месец пропаднаа четири последователни тендери на ЕВН Хоум бидејќи владата немаше формирано цена по која ќе ја продава стујата на универзалниот снабдувач.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button