ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕСМ ќе управува со комуналните услуги за греење

Скопјани со вчерашниот договор за решавање на кризата со греењето обезбедија парно, но не и 500 домаќинства од Чаир и општина Бутел кои и денеска останаа без парно. Не е познато зошто договорот не важи за овие семејства. Надлежните уверуваат дека договорот ќе биде официјализиран следната недела, кога ЕСМ ќе го преземе управувањето со БЕГ.

„Врз основа на одредбата донесена на вчерашната седница на Владата во врска со кризата за снабдување со топлинска енергија и дополнителните одлуки што следуваат, АД ЕСМ ќе го преземе управувањето со БЕГ до завршување на кризата со снабдување со топлинска енергија“, велаат од ЕСМ.

Преземањето на трите субјекти БЕГ (производство, дистрибуција и снабдување) и Топлификација АД Скопје Север се очекува да се случи откако ЕСМ ќе ги добие од Владата потребните одлуки и одговорности.

Во меѓувреме, ЕСМ склучи договор со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО со кој ќе се зголеми обемот на производство на електрична и топлинска енергија, односно ќе работи со максимален капацитет од седум дена во неделата наместо пет дена како досега, во периодот од 05:00 часот наутро до 01:00 часот по полноќ со полн капацитет.

Ова значи дека домаќинствата би имале греење до 1 часот по полноќ наместо до 22 часот како досега. До денот на преземање на БЕГ од ЕСМ, сите трошоци за испорака на топлинска енергија во Скопје ќе бидат префрлени на компанијата ТЕ-ТО.

Постигнатиот договор и проблемите со греењето, според ВМРО ДПМНЕ, се последица на неспособноста на власта да се справи со енергетската криза, вклучително и парно греењето.

„Поради неспособноста на Владата предводена од СДСМ, граѓаните плаќаат повисоки сметки за парно и не се сигурни дали ќе имаат парно. Денеска Владата повторно со парите на граѓаните, преку буџетски средства плаќа поскапо парно. Неспособноста на СДСМ ги осиромашува семејствата со високи сметки за струја и парно“, изјави Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

Преку писмено соопштение, СДСМ му одговори на ВМРО дека скопската градоначалничка целосно ги игнорирала потребите на скопјани за кризата со парно греење и наместо да помага, таа барала изговори.

„Арсовска уште еднаш докажа дека за неа не се важни интересите на граѓаните, туку само партиските. За разлика од негрижата на Арсовска и ВМРО, Владата на СДСМ најде решение кое обезбедува топли радијатори за скопјани. Со прогласување на кризна состојба се преземаат мерки за непречено снабдување со електрична енергија и парно како и заштита на стандардот на граѓаните“, СДСМ. /Алсат.мк

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button