ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ЕУ ни дошла дома! Фатмир Бесими и Фатмир Битиќи апелираат младите да не се иселуваат

ЕУ ни дошла дома! Фатмир Бесими и Фатмир Битиќи апелираат младите да не се иселуваат

Егзодусот на младите кон Западот не престанува. Особено работната сила и квалификуваниот кадар. Сега кога на домашниот пазар на трудот му се потребни илјадници квалификувани луѓе со занаети и професии, повиците на дел од надлежните се чини дека многу млади и не ги слушаат зашто и онака се веќе во странство. „ЕУ е меѓу нас“, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими, говорејќи за напорите на државата да создаде услови за работа и живот. Според него, најдобрата перспектива и вистинската порака од политичарите и од власта што можат да ја дадат е да им покаже на младите дека им се нуди сигурна иднина.

Сепак, повеќето млади овие изјави ги слушаат од странство. Многу од нив се веќе заминати на запад не само за подобра плата. Вицепремиерот за економски прашања ги повика сите кои се иселени да се вратат во татковината, да ги донесат своите работни искуства и да инвестираат во иднината на државата.

Или да се преквалификуваат домашните невработени или да се вработат работници од странство за да не се влоши состојбата со недостигот на работна сила, вели Битиќи. Според податоците на Агенцијата за вработување, 57 отсто од невработените пријавени како активни баратели на работа се без образование или само со основно. Над 17% имаат нецелосно или само средно образование, а тоа се вкупно 75% од активните баратели на работа./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button