ВЕСТИРЕГИОН

ЕУ по најавата на Вучиќ за посета на Москва: Србија мора да нè увери во својот стратешки правец

По најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во Москва на 9 мај, реагираше Европската Унија, повикувајќи го да ја увери во својот стратешки правец.

Портпаролот на Европската комисија за проширување и меѓународно партнерство, Гијом Мерсие, во писмениот одговор за Радио Слободна Европа (РСЕ) наведува дека Унијата била целосно јасна со своите партнери, вклучително и со земјите кандидатки како Србија, за односите со официјална Москва.

Advertisements

„Односите со Русија не можат да се одвиваат по принципот ‘бизнис како и обично’ со режимот на Владимир Путин, особено во eкот на неиспровоцираната и неоправдана агресија врз Украина“, додава портпаролот на ЕК за проширување и меѓународно партнерство.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека не го променил ставот и покрај притисоците и дека ќе оди во Москва по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна. Рече дека најверојатно ќе оди сам, примајќи ги сите удари поради ваквиот негов потег.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button