ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕУ се изјасни околу европската перспектива на Западен Балкан, ова е одговорот…

ЕУ ја потврдува својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан и ја поздравува посветеноста на партнерите од тој регион кон европската перспектива, што е во заеднички стратешки интерес и останува наш стратешки избор, стои во Предлог-декларацијата која треба да се најде пред учесниците на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан, кој треба да се одржи на 6 октомври во Брдо во Словенија.

Дипломати од ЕУ претходно брифираа дека земјите членки не можеле да се усогласат за Декларацијата, која треба да се најде на Самиот ЕУ-Западен Балкан. Неколку земји членки, кои силно се залагаат за проширувањето, побарале да стои поексплицитна и поизразена поддршка за овој процес, пренесува РСЕ, од каде наведуваат дека имале увид во документот.

Претходно агенцијата Ројтерс излезе со текст во кој се наведува дека во ЕУ нема согласност за членството на шесте земји од Западен Балкан, по што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во тој момент беше на турнеја низ Балканот, рече дека „иднината на целиот Западен Балкан е во Европската унија“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button