СВЕТ

ЕУ со осуда на палестинските напади врз цивили, повикува на смирување

Европската унија ги осуди палестинските ракетни напади врз Израел и ги повика двете страни да вложат напори да го запрат конфликтот и да спречат нови цивилни жртви.

„Ракетните напади од Газа врз цивилното население во Израел се целосно неприфатливи и придонесуваат за натамошна ескалација на конфликтот. Значителното зголемување на насилствата во окупираниот Западен брег, вклучително и Источен Ерусалим, како и во и околу Газа, треба веднаш да престане“, рече Европската комисија во соопштението објавено доцна вчера, пренесува Ројтерс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button