ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ветувањето за проширување останува, но со нови условувања, ЕУ се усогласи

Процесот на проширувањето ќе зависи и од реформскиот учинок на кандидатите, но и од капацитетот на ЕУ за апсорпција на нови членки.

По долги преговори во текот на ноќта, членките на ЕУ постигнаа компромис во однос на перспективата на земјите од Западниот Балкан. Во среда на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо, Словенија уште еднаш ќе биде потврдена заложбата на ЕУ за продолжување на процесот на проширување. Но, притоа ќе биде потенцирано дека способноста за прием на нови членки ќе зависи од натамошниот развој на ЕУ, пренесува Дојче Веле.

Според дипломатски извори на германската агенција ДПА, на дополнувањето инсистирала француската влада, која на овој начин сака да ја задржи можноста да го блокира приемот на нови членки доколку ЕУ во наредните години не се реформира доволно согласно француските очекувања.
Со тоа, шесте земји аспиранти за членство од Западниот Балкан и натаму остануваат без целосно јасни шанси за полноправно членство во ЕУ.

Другите точки од декларацијата, наводно не биле спорни за претставниците на членките на ЕУ.

Извор: Дојче Веле

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button