ВЕСТИСВЕТ

„Еурактив“: Пазете се од епидемија на вета при проширувањето на ЕУ

Со ветото на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, Бугарија ја користи својата позиција како членка на ЕУ за да постигне некои нејзини надворешно-политички интереси, на ист начин како што тоа го правеа многу други претходно, но проблемот е во тоа што Унијата како да нема желба и начин да ги обесхрабри ваквите еднострани постапки, оценува соработникот на Меѓународниот институт за безбедност од Белград, Орхан Драгаш за „Еурактив“.

– Фактот што Бугарија го блокираше стартот на преговорите за пристапување кон ЕУ со Северна Македонија не е ниту новина, ниту изненадување. Постои долга историја на соседски пречки на патот кон членство во ЕУ. Словенија ја блокираше Хрватска поради границата со Пиранскиот Залив, Хрватска веднаш штом стана членка на ЕУ ги блокираше преговорите на Србија, а Бугарија го стори истото на кусо пред три години, заради позицијата на нејзиното малцинство во Србија, наведува Драгаш.

Тој потестува и дека Грција со децении ја блокираше земјава без никакви шанси да се интегрира во ЕУ и НАТО, се додека не го смени името.

– За цело тоа време, ЕУ повторуваше дека нерешените соседски проблеми не смеат да бидат причина членка на ЕУ да стави вето на својот сосед што не е членка на Унијата. Но, кој би поверувал во тоа, особено по бугарското вето? Значи, проблемот не е во тоа што Бугарија го условува пристапувањето на Македонија, Бугарија ја користи само својата позиција на членка на ЕУ за да постигне некои нејзини надворешно-политички интереси, на ист начин како што тоа го правеа многу други претходно. И тоа е целосно легитимно. Но, проблемот е во тоа што ЕУ нема желба и начин да ги обесхрабри и спречи ваквите еднострани активности на нејзините полноправни членки, заклучува Драгаш.

Според него, со својот однос кон фактот дека Бугарија ја условува Северна Македонија со историски и идентитетски прашања, ЕУ и Германија како нејзин актуелем претседавач оставаат впечаток на „најголема и најотворена незаинтересираност досега за отворање на вратата за нови членки од Балканот“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button