ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Евентуалниот бојкот на пописот ќе влијае врз идното креирање политики во земјата

Поранешниот директор на Државниот завод за статистика Дончо Герасимовски оценува дека евентуалниот бојкот на пописот ќе влијае врз идните политики на земјата. Таквиот процес, според Герасимовски е важен за креирање на многу политики во демографијата, социјалата, економијата, образованието и во многу други сфери. Тој за  нацрт-законот вели дека е добра основа за пописот, но нагласува дека меѓународните организации можат да реагираат доколку во процесот не се почитуваат европските стандарди.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button