МАКЕДОНИЈА

Евроамбасадорот Гир ги осуди изјавите на Џамбаски

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир ги осуди скорешните изјави на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Гир ја искоментира изјавата на Џамбаски дека „Македонија е бугарска“.

„Што се однесува до изјави со територијални претензии повторувам дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од ваквите изјави. Ваквите ставови не можат и не ја отсликуваат Унијата“, рече Гир. Тој се осврна и на индиректната закана по живот кон претседателот Пендаровски.

„За пораките кои можат да се сфатат како закана, тие апсолутно не го отсликуваат ставот на ЕУ. Тие не се во согласност со вредностите на кои ЕУ е формирана. Неприфатливо е јавна личност да кажува вакви реплики за било кого, особено за демократски избран претседател на суверена држава“, заклучи Гир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button