МАКЕДОНИЈА

Евроамбасадорот Гир: Процесуирање информации за етничка или религиозна припадност во ЕУ е забрането

Евроамбасадорот Дејвид Гир вели дека според европската регулатива процесуирање информации за етничка или религиозна припадност е забрането. Што се однесува до истакнувањето на вакви информации на личните карти, тоа сè уште го регулира секоја земја посебно. Премиерот Зоран Заев најавува дека земјава ќе ги следи европските одлуки.

„Ова прашање е во делот на регулативата за генералната заштита на личните податоци. Со ова, при процесуирање на тие информации за етничката припадност, религиозната припадност и други елементи се забранети. Во моментов во Европската Унија личните карти се прашање кое се регулира поединечно од секоја земја-членка и тоа ќе биде така, меѓутоа, во август, оваа генерална регулатива за заштита на лични податоци се очекува да се усвои на ниво на Европската Унија и да важи за целата Унија“, изјави Дејвид Гир, Амбасадор на ЕУ.

„Како земја-кандидат за членство во Европската Унија за нас секогаш императив е усогласување на домашното законодавство со европската регулатива. Во август или октомври, кога и да почне Европската Унија да дебатира по ова прашање и ние ќе се вклучиме, а секако на крајот ние ги следиме сите европски регулативи и одлуки зарати тоа што сакаме да бидеме членка на Европската Унија“, рече Зоран Заев, премиер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button