КОШАРКА

Евролигата ги промени правилата за одложување на натпреварите за време на пандемија

Раководството на кошаркарската Евролига одобри измени во правилата за одложување на натпреварите во врска со пандемијата на коронавирус, пренесоа од организацијата. Сега, во случаи кога некој тим не може да собере осум играчи во почетната постава или е во карантин поради позитивни тестови на коронавирус, натпреварот може да се одложи три пати. Само ако тоа не е можно или кога ќе се постигне максимален број на одложувања, клубот што довел до промена на програмата, ќе запише службен пораз.

Претходно, овие правила важеа само за натпревари што не можеа да се играат поради ограничувања за патување воведени од локалните власти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button