ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Европската унија официјално ги укина ограничувањата за патување за граѓаните на Македонија

Европската унија официјално ги укина ограничувањата за патување за граѓаните на Македонија, Албанија и Србија. Одлуката стапува на сила денес и врз основа на критериумите и условите утврдени во препораката, земјите-членки треба постепено да ги укинуваат ограничувањата за патување.Ажурирањето на списокот доаѓа откако на почетокот на оваа недела, амбасадорите од земјите-членки на ЕУ препорачаа укинување на ограничувањата за девет земји, вклучувајќи ги и Македонија, Албанија, Србија. Слободното движење на територијата на ЕУ важи за оние граѓани кои биле вакцинирани,најмалку пред 14 дена. Земјите на ЕУ го задржуваат правото нагло да ги обноват ограничувањата доколку е потребно.За да се обезбеди статус на безбедна земја, таа мора да забележи максимум 75 случаи позитивни на коронавирус на 100.000 жители во последните 14 дена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button