ВЕСТИМАКЕДОНИЈАСВЕТ

Европски ден за заштита на личните податоци

Европски ден за заштита на личните податоци

Во земјава денеска се одблежува 28 Јануари, Европскиот ден за заштита на личните податоци, по повод 17 години од донесувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на личните информации. Конвенцијата претставува прв правно обврзувачки меѓународен документ во областа на заштитата на личните податоци. Има за цел да ја подигне свеста и да ги промовира добрите практики за заштита на приватноста и на личните податоци. На ова денеска потсетуваат од ОЗЛП советник.

– Новата македонска законска регулатива, донесена во февруари 2020 и усогласена со постојната европска таканаречена ГДПР (GDPR), започна да се применува од 24 август 2021 година. Од почетокот на нејзината примена во регистарот што го води Агенцијата за заштита на личните податоци, 5.621 контролори – фирми и државни органи назначиле офицер за заштита на личните податоци и ја започнале или завршиле постапката за усогласување на своето работење со законот за заштите на личните податоци. Интересен е фактот што согласно новата законска регулатива, сите до еден државен орган, без разлика дали е влада, министерство, општина, јавно претпријатие, основно или средно училиште, јавна здравствена установа, во изминатите 18 месеци имаа за обврска, не само да назначат офицер за заштита на личните податоци, туку и да направат усогласување на работењето со законот за ЗЛП за начините и потребите за што ги обработуваатличните податоци од граѓаните, соопшти ОЗЛП советник.

Со мала анализа на регистарот, како што пишува во соопштението, може да се утврди дека повеќе од половина од државните органи, не само што не ја започнале постапката за усогласување на своето работење со законот за заштита на личните податоци во изминатите 18 месеци, туку воопшто немаат назначено внатрешен или надворешен офицер за заштита на лични податоци.

– Фрапантен е примерот со општините. Само 12 од вкупно 81 општина назначиле офицер за ЗЛП и се запишале како контролор во регистарот на офицери што го води Агенцијата за ЗЛП. Затоа денеска, на Европскиот ден за заштита на личните податоци, со ваква неодговорност на државните органи, се доведува во прашање, како и кој сѐ има достап до нашите лични податоци што сме им ги дале со доверба, како се однесуваат институциите и вработените во нив и дали воопшто некој сноси морална, кривична или друга одговорност, од непримена на законот за заштита на личните податоци, доколу истите се користат и злоупотребуваат и во други цели, за што сме сведоци дека се случува секојдневно, се истакнува во соопштението.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button