Европскиот фронт ги обжалува одлуките на ДУИ

Европскиот фронт поднесе жалба до Управниот суд за одлуките на Државната изборна комисија која прифати приговори за неправилности на седум избирачки места, на кои може да има повторно гласање. Според Бујар Османи од ДУИ, јавноста била сведок на брутално кршење на процедурите на ДИК и кражба на изборната волја.
„Мислам дека Управниот суд треба да ги одбие бидејќи нема фактичка основа. Сите одлуки се донесени со политички договор, со мајоризација која уште еднаш ги потсети Албанците на мајоризацијата од 90-тите. Нема основа за овие одлуки, особено во родното место на лидерот на една од овие опозициски политички партии, каде што победија со 2:1, да обжалите таму каде што мислите дека имате контрола врз гласачкото тело, првин е навреда за оние жители на селото Ларце, дека тие се крадци на гласови, но и второ, дека ги контролирате и во повторното гласање ќе можете да извлечете и ја надминете разликата за да можете да го намалите бројот на пратениците на Фронтот“, рече Османи.
Доколку Управниот суд ги одбие жалбите на Европскиот фронт, ќе има повторно гласање на 7 избирачки места.
Во Државната изборна комисија пристигнаа седум приговори за изборите. Во петтата изборна единица, врз основа на досегашните приговори, може да има прегласување на 6 избирачки места. Две во Крушево, две во Долнени и едно во Охрид. Повторното гласање на овие шест избирачки места може да му одземе мандат на Европскиот фронт, кој би одел на конто на Коалицијата за европска иднина. Повторно гласање може да се одржи и во Желино, односно во селото Ларце во гласачкото место 2101. Дик отвори кредибилен изборен материјал од кој се покажа дека едно ливче е повеќе во кутијата, а во преостанатиот материјал недостасуваат три листа. Повторното гласање во Желино, а не само во рамките на шестата изборна единица, може да донесе промена во мандатите за Европскиот фронт, и во оваа ситуација, резултатот помеѓу страните би бил 8 со 8.
Управниот суд има рок од 48 часа да одлучи по жалбите против одлуките на ДИК.
Фатлуме Дервиши