ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Европскиот фронт го смени името во Национален фронт

Европскиот фронт го смени името во Национален фронт

Европскиот фронт предводен од ДУИ се ребрендира во Национален фронт, со трансформација на карактерот на коалицијата од мултиетнички во моноетнички. На последните парламентарни избори, кога беше формиран Европскиот фронт, митинзите беа отворарани со химната на Европа, а заедно со лидерите на албанските партии, лидерите на турските, ромските и бошњачките партии седеа заедно на чело. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера, одговарајќи на новинарски прашања, ја употреби новата формулација за фронтот.

Advertisements

„Не е покренато прашањето дали г-дин Таравари ќе се приклучи на Националниот фронт“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Дека мултиетничкиот карактер на Фронтот се поништува, сведочи и позицијата на шефот на пратеничката група на Фронтот, Блерим Беџети, кој, цитирајќи го Исмаил Ќемали, под илустрација на фотографија од митинг со албански знамиња, истакна дека само обединувањето на Албанците може да го врати достоинството, а не дека други ја одредуваат нивната судбина.

Истиот став го искажа и пратеничката на Фронтот, Дијана Тоска, која во објава на Фејсбук, споделувајќи фотографија со пратениците на Фронтот, меѓу кои и тие од турската партија, потенцира дека е време за Национален фронт, Албанците да го заземат своето вистинско место.

Истиот наратив се гради и преку соопштенијата на ДУИ, нагласувајќи го етничкиот карактер.
Во меѓувреме, новата формулација „Национален фронт“ се користи насекаде по социјалните мрежи.
Ваквата пракса брзо ја заследи и партијата на Арбен Таравари, која е во преговори за соработка на локалните избори во октомври.
„…продолжуваат разговорите со партиите кои се дел од опозицијата за создавање дух кој пред се ќе се базира на албанскиот национален интерес , зошто да не се вика и национална иницијатива за враќање на тежината на албанските гласачи овде во Македонија“, рече Блерант Реџепи, АА – група Таравари.
Сепак, за овој пристап нема изјава од соработниците на Европскиот фронт, Скендер Реџепи-Зејд, ниту од Мендух Тачи, кој однапред ја напушти коалицијата.

Заради опстанокот, Ахмети повторно не можеше да излезе сам – се приклучи на сојузот со Алијансата, бидејќи не може да ја врати довербата. На минатите избори собра 4 заедници (албанска, турска, бошњачка и ромска) и 9 партии, а сега со Таравари се впушта во сојуз за опстанок. Ваквите политички маневри на ДУИ, за трансформација на карактерот на партијата, не се ништо ново во историјата на оваа партија, имајќи предвид дека во последните две децении партијата се повикуваше даека е партија која излезе од војната, а во 2021 година стана зелена партија, потоа стана партија која води мултиетничка коалиција, а сега очигледно сака да се врати онаму каде што почна./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button