ВЕСТИСВЕТ

Европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува Русија

Европскиот парламент донесе резолуција која се заканува со акција против Русија во врска со третманот на затворениот лидер на опозицијата, Алексеј Навали, военото распоредување на украинската граница и за како што наведуваат европратениците, „руските напади во Чешка“. Необврзувачката резолуција, поддржана од петте главни политички групи во Европскиот парламент, беше усвоена со 569 гласа „за“, 67 „против“ и 46 воздржани.

Во текстот на резолуцијата се вели дека Русија „не претставува само надворешна закана за европската безбедност, туку води и внатрешна војна против сопствениот народ во форма на систематско угнетување на опозицијата и апсења на улиците“.

Во документот се наведува дека труењето на Навални со Новичок во 2020 година е „обид за атентат“ што „го извршиле агенти на руските безбедносни служби во рамките на Руската Федерација“. Исто така, недвосмислено беше наведено дека „истите агенти на ГРУ“ од руската воена разузнавачка служба кои „учествувале во експлозијата на складиштето за муниција во Чешка, исто така биле одговорни за обидот за убиство“ во Солсбери, Англија на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка, Јулија Скрипал, користејќи Новичок.

Забележано дека агентите на ГРУ се обвинети и за обид за убиство на Емилијан Гебрев, бугарски сопственик на фабрика за оружје и други лица во Бугарија во 2015 година, со употреба на супстанца слична на Новичок. Во резолуцијата се повикува Русија веднаш да го ослободи Навални и да ги повлече своите воени сили од границата со Украина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button