ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Европскиот сојуз за промени стартува со собирање на потписи за Таравари

На четвртиот ден од собирањето потписи за претседателските кандидати, политичките партии и нивните кандидати ја продолжуваат кампањата за мобилизирање поддржувачи. Коалицијата Европскиот сојуз за промени денеска официјално започна со собирање потписи. Лидерот на Демократското движење Изет Меџити е убеден дека потписите ќе се соберат во рекордно време и дека кандидатот на коалицијата Арбен Таравари ќе оди во втор круг во трката за претседател.

„Мислам дека натпреварот ќе биде кај македонската страна. Според околностите што ги гледаме и анкетите што ги читаме, тој сигурно ќе биде кандидат на ВМРО, но тоа оставаме на македонската страна. Фокусирани сме на албанскиот електорат. Тоа е поради околностите, има повеќе македонски кандидати, имаме слаб СДСМ и тоа се предусловите одличен кандидат како што е д-р Таравари првпат да се пласира во втор круг и тоа ќе биде морална победа за Албанците пред се и почеток на мисијата дека во Собранието се избира и претседател како премиерот и спикерот“, рече Меџити.

Европскиот сојуз за промени беше мобилизиран во канцелариите на ДИК во други градови, меѓу кои и Тетово.

„Ова уште еднаш покажува дека промената е веќе започната и ниту владата, ниту Русија, ниту кој било друг не може да ја спречи оваа промена. Значи, промената доаѓа, а таа промена ќе ја направи коалицијата ЕСП.. Некои граѓани кога ја добиле информацијата се потпишале и за време на викендот, но немам информација колку потпишале. Денеска официјално започнуваме со собирање потписи како коалиција“, рече Билал Касами, претседател на Движењето Беса.

ДИК соопшти дека вкупно 12 кандидати собираат потписи за претседател и тоа Вело Марковски, Билјана Ванковска, Томе Николовски, Бујар Османи, Господин Поповски, Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски, Арбен Таравари, Ѓорѓи Манасков, Мерсиха Смаиловиќ, Зорица Цветковска и Гордана Силјановска Давкова.

Стево Пендаровски треба исто така да собере 10.000 потписи од гласачите или да добие поддршка од 30 пратеници.

Потписите се собираат во подрачните единици и канцелариите на Државната изборна комисија низ државата. Работното време на подрачните одделенија на Државната изборна комисија е секој ден од 08:00 до 20:00 часот, вклучително сабота, недела и празници.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button