
Цените на производите во европската индустрија се намалија во декември, покажа извештајот на Европскиот завод за статистика.
Производните цени на индустриските производи во еврозоната и ЕУ се зголемија за 0,4 отсто во декември во споредба со претходниот месец кога пораснаа за 1,7 отсто во двете области, пресметаа статистичарите.
Најмногу пораснаа цените во енергетскиот сектор и во еврозоната и во ЕУ, за 1,4, односно 1,3 отсто. Растот е забавен во однос на ноември, кога во двете области се зголемени за 5,6 отсто.
Во повеќето други сектори тие беа речиси непроменети во однос на ноември.
Секторите трајни производи за широка потрошувачка и интермедијарни производи во еврозоната забележаа промена на трендот, со благ пораст на цените.
Кога е исклучен енергетскиот сектор, цените во двете области останаа на нивото од претходниот месец, утврди Евростат.