ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Езерото Калиманци пред еколошка катастрофа

Невладината организација „Валхала Фин” од Македонска Каменица предупредува дека на езерото Калиманци му се заканува еколошката катастрофа предизвикана од надоаѓањето на огромните количини отпад и шут од реките кои се влеваат во него.

Ваквата ситуација е причина и за свикување состанок на 18 јануари, насловен „За спас на Калиманско Езеро”.

-Ова загадување предизвикува голема загриженост кај нас и ние како НВО сектор кој во своите програмски определби и цели на делување го има зачувувањето на животната средина се чувствуваме повикани да делуваме на кој било начин, велат од „Валхала Фин”.

На средбата ќе бидат поканети претставници од рудник САСА задолжени за заштита на животна средина и екологија, претставници од Општината, градоначалникот и претставници на Советот, директорот на ЈП „Камена Река“, претставници на МЗШВ – Делчево, од Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина.

-Ги повикуваме и останатите чинители на овој состанок на кој ќе се расправа за идните чекори на делување (акциски план) кои секој од нас ќе треба да ги преземе за езерото Калиманци да заживее како рекреативно-спортска и туристичка точка, додаваат организаторите.

Состанокот „За спас на Калиманско езеро“ ќе се одржи на ден 18.01.2022 од 17 часот во КИЦ Романса.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button