ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Езерото Треска и летово е жабарник

Езерото Треска и летово е жабарник

Езерото Треска кое е едно од најатрактивните места во главниот град, со децении и по континуираните ветувања на властите, останува нефункционално. Од општина Сарај велат дека сега процедурите ги одолговлекува централната власт.

Секоја година се ветува повторно ставање во функција на туристичкиот центар, но институциите си ја префрлуваат одговорноста една кон друга. Градоначалникот Блерим Беџети вели дека Општина Сарај ги завршила сите процедури за кои е надлежна. Одговорноста за одолговлекувањето ја префрлува кај Агенцијата за туризам.

„Општина Сарај одамна ги заврши своите обврски, ја извести Агенцијата за поддршка и развој на туризмот при Владата на РСМ, поточно Министерството за економија, колку што имам информации врз основа на законот, сите институции кои се вмешани делегираа свои членови, сега го чекаме првиот конститутивен состанок на оваа Комисија, која во форма на закон е носител на овој понатамошен проект. Сега веќе тие се носители на проектот за реализација, секако дека и јас сум заинтересиран и го следам и мислам дека може уште побрзо“, изјави Блерим Беџети, градоначалник на Општина Сарај.

Но, директорот на Агенцијата за промоција и развој на туризмот, Љупчо Јаневски, вели дека доцнењето на постапките е предизвикано токму од општината и другите надлежни институции. Тој вели дека на 22 јуни годинава Министерството за транспорт му ги испратило целосните податоци за членот кој ќе ја претставува оваа комисија.
Директорот Јаневски вели дека не може да се каже кога би започнала ревитализацијата на езерото Треска и неговото ставање во функција. Не крие дека процедурите можат да траат со години.

Езерото е изградено во ‘70-тите години на минатиот век со придонес на граѓаните на Скопје и дневно имало по околу 10.000 посетители. Но, по независноста полека почна да се уништува и стана нефункционално./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button