ФОРМУЛА - 1

Ф-1: Ферстапен триумфираше пред Хамилтон во САД

Макс Ферстапен е победник на трката за Големата награда на САД која викендов се возеше на патеката „Остин“. Холандскиот возач, иако беше претекнат на почетокот на трката од возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, успеа да создаде простор во моментот на промена на гумите  да се врати на првата позиција пред британскиот возач. На третото место се најде Серхио Перез со „Ред Бул“ со задоцнување од над 40 секунди додека Чарлс Леклер со „Ферари“ застана на четвртото место оставајќи го зад себе Даниел Рикиардо. Нови бодови во оваа сезона во Формула 1 освоија и Карлос Саинц, Ландо Норис, Јуки Кунода и Себастијан Фетел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button