ВЕСТИЕКОНОМИЈА

„Фајнанс Тинк“: Растот на просечната плата резултат и на зголемениот број отпуштања

Статистички зголемената просечна нето-плата која достигна 28.272 денари е резултат и на зголемениот број на отпуштени граѓани. Економските екперти велат дека зголемувањето на платите е нормален тек на економската активност, но оти порастот од 2,7 осто споредено со претходната година не е на задоволително ниво.

„Просечната плата е и резултат и на отпуштањата или изгубените 25 илјади работни места кои во голем дел се во нископлатежните работни места и кога ќе ги земете тие нископлатежни работни места тогаш се добива повисока просечна плата…“, вели Благица Петрески- Институт за економски истражувања Finance Think.

Економистите велат и зголемувањето на нето-платата за плус 732 денари нема да го почувствуваат сите граѓани.

„Аналитички тоа нема да го почувствуваат сите граѓани особено ако се анализира просечната плата сега. Многу експерти укажаа на тоа дека кризата најмногу ќе влијае на вработените со ниски примања, оние што примаат минимална плата и тоа беше и во нашиот случај. Ние имавме претежно отпуштања од работа каде беше претежно во секторите со минимални плати текстилната индурија туризам и т.н.“, вели Гадаф Реџепи- Универзитетски професор.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во растот на просечната плата влијаеле и зголемените примања на вработените во здравството и социјалната заштита каде платите пораснале за 12,7 насто, како и во ИТ индустријата каде растот изнесува 8,3. Но, за разлика од овие дејности, статистика забележува намалување на платите во финансискиот сектор, објектите за сместување, во комуникациите и кај дејностите поврзани со храна.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button