ЕКОНОМИЈА

„Фајнанс тинк“: Речиси половина од целите во програмата на Владата се спротивни на ветувањата

Пет ветувања од Програмата на Владата 2020-2024 се исполнети, четири се во насока на исполнување, а 12 ветувања се во спротивна насока од ветената, покажува најновиот извештај „Големи економски ветувања, големи потфрлања“ направена од страна на „Фајнанс тинк“.

„Политичките ветувања од економско-социјалниот домен преточени во Програмата за работа на Владата 2020-2024 година се остваруваат со различна динамика, но вкупниот заклучок е дека остварувањето е недоволно за да може да се каже дека тие се исполнуваат. Скоро половина, односно 44,4 проценти од дадените ветувања во економско-социјалниот домен, моментално се остваруваат во насока спротивна од даденото ветување. Причините за оваа состојба се нереалистичното поставување на таргетите имајќи ги предвид претходните остварувања, имајќи предвид дека економијата е во криза предизвикана од пандемијата, како и поставување таргети кои може да го нарушат пазарот или кои може да блокираат неразумно голем контингент буџетски средства за ветувањето да се реализира“, се наведува во извештајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button