КОШАРКАСПОРТ

Фантастична вечер за Стеф Кери во победата на Голден Стејт

Актуелниот шампион во НБА лигата, тимот на Голден Стејт Вориорс, оствари важна победа на домашен терен славејќи над Њу Орлеанс Пеликанс со 120:109. Со тоа „вионите“ држат чекор во борбата за пласман во плеј-офот.

Фантастична вечер имаше Стеф Кари кој натпреварот го заврши со 39 поени. Томпсон заврши со 17 поени, но постави личен рекорд по бројот на тројки во една сезона. Сега ги има 277 и на добар пат е до крајот на сезонава да стигне и до 300. Кај поразените Брендом Инграм постигна 26 поени.

Вашингтон го изненади Бостон и го победи со 130:111. Кристапс Порзингис беше прво име кај домаќинот и воопшто на мечот со 32 поени, 13 скока и шест асистенции./Makfax

Резултати НБА:

Вашингтон – Бостон 130:111

Атланта – Кливленд 120:118

Торонто – Мајами 106:92

Мемфис – Орландо 113:108

Оклахома – Шарлот 134:137

Голден Стејт – Њу Орлеанс 120:109.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button