ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Фер пазарната конкуренција ќе донесе придобивки за сите, велат од ССКМ

Со примена на Законот за нефер трговски практики ќе се регулираат односите меѓу претпријатијата во синџирот на снабдување со земјоделство и храна и тој треба да обезбеди примена на трговски практики во целокупниот синџир, сметаат од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ).

Од Сојузот на стопански комори на Македонија велат дека во законот се уредени правилата и мерките со кои се спречува наметнување на нефер трговски практики, кои отстапуваат од доброто трговско однесување.

„Во законот се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со чие наметнување се искористува значителната преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи, постапките за утврдување нефер трговски практики, како и соработката помеѓу надлежните органи за спроведување на надзорот над примената на нефер трговските практики“, се наведува во соопштението од ССКМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button