СПОРТФОРМУЛА - 1

Ферари и официјално: Васер седнува на местото на Биното

Ферари ги потврди медиумските шпекулации дека Фред Васер ќе биде новиот шеф на тимoт. Французинот вчера објави дека по три години на чело на тимот ја напушта директорската функција во Алфа Ромео, а само ден подоцна застана на чело на Скудерија.

Оваа вест „Газета дело Спорт“, ја објави на 15. ноември, но тогаш Ферари ја демантираше. Ваквиот расплет се наметна од моментот кога Матијас Биното минатата недела ја напушти функцијата. Васер има 54 години, додека во Формула 1 е од 2016 година, кога беше на чело на Рено.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button