СПОРТФОРМУЛА - 1

Ферари најавува моќен болид во 2023

Италијанскиот тим Ферари почна да работи на проблемите од оваа сезона и за 2023 година е најавен силен болид со кој ќе се напаѓа враќање на тронот во Формула 1. Болидот го носи работното име „675“ и според извори од Маранело, на него се променети три работи за да функционира подобро. Резултатите од првите проверки се одлични.

Првата работа која радува е зголемената максимална брзина и подобрата аеродинамика, елементи во кои Ред Бул имаше предност во ланската сезона. Втората работа која ќе е новост се гумите, затоа што „Пирели“ одобри нови предни гуми.

Третиот факт кој ќе го направи Ферари подобар е новитет кај моторот кој ќе ја зголеми издржливоста. Италијанскиот тим имаше многу проблеми со моторите во текот на изминатата сезона и мораше предвреме Леклерк или Саинц да ги завршат трките. Ферари во тимскиот пласман заврши на второто место, додека Ред Бул беше убедлив на врвот./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button