СПОРТФОРМУЛА - 1

Фетел заминува меѓу легендите, co четири светски титули и 53 победи

По денешната трка и крајот на сезоната, Формула 1 ќе остане без уште една легенда. Откако лани за пензија се реши Кими Раиконен, оваа година од најбрзиот светски циркуз ќе се прости четирикратниот светски првак Себастијан Фетел.

Името на Фетел ќе остане запаметено во овој мото-спорт, пред сè, бидејќи со четирите титули е котира високо на „вечната листа“, има ист број трофеи со Алан Прост, пред нив е Фанџо со пет, додека Шумахер и Хамилтон се на врвот со по седум одличја.

Фетел беше неприкосновен на стартот на втората деценија од овој милениум, ги освојуваше титулите во 2010, 2011, 2012 и 2013 година, возејќи го својот болид во Ред Бул на максимално можно ниво.

Во кариерата Фетел запиша 53 победи на трките, 57 пати стартуваше од пол позицијата и дури 122 пати беше на подиумот, последен пат лани, но потоа доби казна. Сега, по 27 години во мото-спортовите германскиот возач заминува меѓу иконите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button