СПОРТФОРМУЛА - 1

ФИА става крај на една традиција во Формула 1

ФИА му забрани на тимскиот персонал да се качува на оградата и на тој начин да ги прославува успеасите на своите возачи. Оваа одлука ќе започен да се применува од трката за Големата награда на Австралија.

Како што пишува сајтот „Motorsport.com“, во иднина тимовите ќе добиваат казни доколку некој од нивните членови се качи на оградата. ФИА со оваа одлука стави крај на една долга традиција во Формула 1.

Директорот на трките во Формула 1, Нилс Витич, испрати допис до сите тимови пред трката во Австралија дека „качувањето на оградата е забрането во секое време“ и ги упати на Додаток Х од член 2.3.2. од Меѓународниот спортски кодекс на ФИА, кој за трката во Австралија одлучи да ги прошири боксот на стартната линија за 20 сантиметри.

Следната трка од сезоната во Формула 1 се вози викендов во Австралија.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button