ВЕСТИМАКЕДОНИЈАСПОРТ

Фидановски: Антиалбанските повици мора да бидат строго осудени

Последните антиалбански повици на група навивачи, според политикологот Кристијан Фидановски, гостин во емисијата „200“, во Алсат јасно покажуваат дека се уште не сме подготвени критички, искрено и објективно да зборуваме за меѓуетничките односи во земјава. Според него, составот на фудбалската репрезентација од различни националности, дава надеж за подобра иднина, пишува Алсат.

“Повиците што ги нагласувате треба да се осудат силно… Сепак, ние се уште не сме подготвени да разговараме критички, искрено и објективно за меѓуетничките односи. Доколку репрезентацијата продолжи да бележи добри резултати, се подразбира дека во оваа репрезентација ударна игла се албанските фудбалери, но и од другите етникуми, тогаш оваа репрезентација е најдобар показател за добри меѓуетнички односи кај нас. Тогаш, ако сме оптимисти, тоа ќе доведе до позитивна трансформација“, изјави Кристјан Фиданоски, политиколог, докторант на Универзитетот во Оксфорд. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button