СПОРТФУДБАЛ

ФИФА: Забрана на трансфери за Воска Спорт и Брегалница Штип!

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) на најновата листа на клубови со забрана за трансфери вметна два нови клубови од Македонија.

Во последното ажурирање пред крајот на месец јануари, на листата на ФИФА за забрана на трансфери се најдоа прволигашот Воска Спорт и второлигашот Брегалница Штип.

Забраната за нивни трансфери е во следните три преодни рока.Нема информации зошто се забраните, но веројатно се работи за некаков долг кон играч, агент или тренер, па суспензијата доаѓа по негова пријава. Претежно вакви проблеми клубовите имаат заради неисплатени плати кон странски имиња.

Од претходно на листата на клубови со забрана за регистрација на играчи е Шкупи. Од Шкупи најавија дека ќе ја разрешат ситуацијата брзо и дека со доаѓањето на новиот газда забраната ќе биде тргната. Од другите клубови, нема информации како оди текот на овој процес.

Скопје, пак, кој беше на претходната листа, нема повеќе забрана за регистрација на играчи./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button