ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филип Рикер: Билатералните прашања, надвор од процесот за интеграција во ЕУ

Можен е компромпис на релација Скопје-Софија, но мора да се познава историјата, порачува бугарскиот премиер Бојко Борисов во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Според него, Бугарија сака Македонија да почне пристапни преговори со ЕУ за време на германското претседателство, но вели дека е загрижен дека во резолуцијата на Европскиот парламент било отворено прашањето за македонското малцинство во Бугарија.

„Во Бугарија нема македонско малцинство. Какво македонско малцинство треба да има во Бугарија? И бидејќи социјалистите во Бугарија гласаа за резолуцијата во Европскиот парламент, тие очигледно исто така веруваат дека такво малцинство живее со нас. Наместо да водиме позитивна дебата за европскиот пат на Република Северна Македонија, сега одиме кон една сосема поинаква дебата. Морам да кажам дека навистина сум загрижен за овие случувања.“

Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент преку помошникот државен секретар Филип Рикер, испрати писмо до премиерот Зоран Заев во кое порача дека САД ќе продолжат да  настојуваат да се одржи Меѓувладината конференција меѓу Европската комисија и Македонија за време на германското претседателство, што значи до крајот на декември.

„Ве охрабруваме и вас и земјите членки на ЕУ, да продолжите да барате решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на вашата земја во ЕУ и да остварувате прогрес во овие аспирации со отворање и затворање на поглавјата во преговорите.“

Пораката од Вашингтон да се бара решение за билатералните прашања надвор од ЕУ, на Твитер денеска ја споделија и од американската амбасада во Скопје.

Alsat

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button