ВЕСТИЗДРАВСТВО

Филипче ги предложи новите мерки на Главниот кризен штаб

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово на Главниот Координативен Кризен Штаб (ГККШ) ги предложи мерките на Комисијата за заразни болести кои со консензус беа усвоени на состанокот минатата недела, соопштија од министерството за здравство.

Откако Штабот ќе се изјасни по предлог мерките, одлуката се проследува до Владата каде се разгледува и се става на усвојување. По усвојувањето стапува во сила.

Говорејќи за состојбата во државата, министерот Филипче образложи дека  болниците се полнат со невакцинирани пациенти, односно процентот на невакцинирани, а хоспитализирани се движи од 75% до 80%. Ваков вид, но и доста поригорозни мерки има насекаде во регионот, Бугарија, Хрватска, Словенија, Грција, како и Австрија, Холандија и други. Министерот Филипче, вечер ќе одржи состанок со Синдикатите за да ги слушне и нивните предлози, кои ќе бидат презентирани и на владината седница.

На денешниот состанок на ГККШ не беа донесени заклучоци, предлог мерките ќе се разгледува утре на седница на Влада.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button